Пантенолот помага во создавањето на заштитна бариера на кожата против иритација и губење на влажноста. Делува како навлажнувач на површината на кожата, а истовремено ѝ дава мек и мазен изглед.
Пантенолот е провитамин на витаминот Б5, односно на пантотенска киселина и внесен во организмот, со едноставен процес на оксидација, се претвора во витамин Б5. Пантотенската киселина (витаминот Б5) се наоѓа во сите живи клетки и ткива и е неопходна за нормален метаболизам.
Пантенол може да се добие од растителни или животински извори кои денес поретко се користат. Тој е прогласен за безбеден за употреба од NCBI (The National Center for Biotechnology Information) на САД и често се користи во производите за бебиња.
Придобивки за кожата при користење на пантенолот
Оваа природна состојка го наоѓа своето место во повеќето производи за нега на кожата, косата и ноктите. Во козметиката, производителите често го користат пантенолот поради неговите навлажнувачки својства, односно способноста да ја привлекува водата и да ја задржува во кожата.
Но исто така, тој е вклучен во многу козметички производи како омекнувач, или за смирување на воспаленија и иритации на кожата. Пантенолот помага во создадавањето на заштитна бариера на кожата против иритација и губење на влажноста. Делува како навлажнувач на површината на кожата, а истовремено ѝ дава мек и мазен изглед. Во производите за нега на косата пантенолот и пантотенската киселина се користат за подобрување на еластичноста, сјајот и изгледот на косата.
Ефектите од пантенолот
Пантенолот се смета за извонредна состојка која често ќе ја најдете на декларациите на повеќето производи што ги користите. Неговиот ефект е трикратен:
1. Хидрира
Пантенолот ја врзува водата со што ја подобрува хидратацијата на површинските слоеви на кожата. Кога кожата е правилно хидрирана, станува еластична и мека на допир, па пантенолот е идеален за сува кожа, како и кожа склона кон лупење. Кога се наоѓа во козметичките препарати, оваа способност да ја врзува водата добива двојна улога, односно служи и за одржување на структурата на самиот препарат.
2. Обновува
Оваа состојка ја стимулира епителизацијата на кожата, со други зборови, го стимулира формирањето на нови клетки и со тоа го забрзува обновувањето на оштетувањето на кожата кога станува збор за помали рани, изгореници, акни, егзема итн.
3. Ублажува
Има извонредни смирувачки својства и е погоден за нега на целото семејство.
Хидратантното дејство во комбинација со епителизацијата дава фантастични резултати во смирување на иритацијата, црвенилото и чешањето.
Благодарение на овие ефекти, пантенолот се користи за смирување на кожата по каснување од инсекти или благи изгореници, за нега на бебешката кожа, по третманите за проблематична кожа, за блага егзема, за кожа оштетена од временските услови, но и за секојдневна нега.
Смирувачки и хидратантен крем со пантенол на Laphoticell
Познатиот корејски бренд Laphoticell, од својата линија Addition, го препорачува моќниот, хидратантен, смирувачки крем Panthenol 10% Soothing Cream со 10% пантенол, наменет за груба и оштетена кожа од надворешните штетни влијанија и иритации со ефект на ладење и навлажнувачка сензација. Со својата впивлива, свиленкаста текстура слична на гел, направен од формула која ја заштитува кожата од губење на влажноста, правејќи ја сјајна, ги подобрува симптомите на оштетена кожа трипати побрзо и целосно ја обновува.
Пантенолот застапен со висока концентрација (100,000ppm) е значајна состојка која има својство да ја привлече и задржи влагата, карактеристичен е по тоа што се претвора во витамин B5 кога ќе се апсорбира во кожата. Со ваквото дејство, директно ја снабдува кожата со влажност и може значително да ја подобри и смири, отстранувајќи ги мртвите клетки и чешањето.
Екстрактот од лист од Hamamelis virginiana, алантоин и екстракт од прополис значително ја смируваат оштетената кожа од надворешните влијанија. Состојките со природно потекло како екстрактите од зелен чај и чајно дрво нудат хидратантно ревитализирачко дејство што продира длабоко во кожата. Екстрактот од лист од Agrimonia eupatoria може да помогне во контролата на прекумерното испуштање на себум и помага во урамнотежувањето на маслото и водата кај уморната кожа.
Овој хипоалерген производ се препорачува за чувствителна и оштетена кожа склона на надворешни иритации на која ѝ е потребна моментална хидратација, кожа на која ѝ недостига урамнотеженост на вода и масло и на која ѝ е потребен хидратантен крем без лепливост и со долготрајни навлажнувачки ефекти.
Производите на Lapothicell можете да ги најдете ексклузивно во специјализираната продавница за корејска козметика Olpeo, на продажните места во ГТЦ-Скопје на 1-ви кат и Палма мол во Тетово, или да ги нарачате на www.olpeo.mk.
Олпео, специјализирана продавница за корејска козметика
Комерцијален ПР текст