Можеме да мижиме, а може и вистината да ја гледаме. Во Бугарија има една голема инсталација на руски сили присутни во медиуми, во тајни нивни служби, исто како кај нас што има огромна инсталација на служби белградски во сите можни сфери на нашето живеење“, порача поранешниот пратеник Михаил Пановски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Според него, сите тие служби ќе направат се Македонија и Бугарија да не се зближат и Македонија никогаш да не влезе во Европска Унија.
„Целта им е Македонија да остане како еден приврзок овде на Балканот кој што секогаш ќе зависи од добрата волја на Белград“, вели Пановски.