Микробиологот д-р Никола Пановски во разговор за „Локално“, предлага да се воведе онлајн настава за децата во декември и да се затворат ноќните клубови со цел да не се зголеми бројот на заразени лица. Според него за да се натераaт граѓаните да се вакцинираат се потребни стимулативни мерки.

„Луѓето, особено младите се снајдоа, имаат сертификати од други лица и слободно влегуваат каде сакаат. Четири месеци вакцинирани со една доза влегуваа секаде иако немаа развиено имунитет во првите две недели по прием на вакцината. Со самото тоа што сертификати добиваа лица кои немаа развиено имунитет, таа мерка немаше медицинска оправданост“, вели Пановски.

Според него во време кога сите ги заоструваат мерките, ние ги олеснуваме.