Микробиологот Никола Пановски во изјава за „Алсат Тв“ изјави дека британскиот сој на коронавирусот, кој е откриен и кај нас, се шири 50 отсто побрзо од досегашниот вид на новиот вирус. Затоа тој препорачува поголема внимателност, избегнување на групирања, особено во затворен простор.
-Тоа значи дека ако имаме 10 луѓе тие ќе заразат 15. А, досега би заразиле 10. Тоа е огромна бројка. Масовните групирања би придонеле овој вирус кој побрзо се шири, полесно се лепи за нашиот нос, за слузницата на носот, би направиле нов пик, нови хоспитализации и нови смртни случаи. Значи, никако групирања, особено во затворен простор, бидејќи тогаш ширењето е поголемо и би било поголемо од што беше во ноември, вели д-р Пановски за „Алсат“.
Пред неколку дена министерот Венко Филипче потврди дека се откриени три случаи на пациенти со британскиот сој на коронавирусот. За жал имало и една жртва, 46-годишен охриѓанец кој ја загубил битката со вирусот. Тој имал и други хронични болести. Како што велат надлежните, овие тројца кај кои е откриен британскиот сој не патувале надвор од државата.