Акутниот недостаток на возачи на цистерни во Обединетото Кралство ги доведе жителите во некои англиски градови во паника да купуваат гориво и да прават сопствени домашни резерви што доведе до создавање километарски колони автомобили на бензинските пумпи. Голем дел од станивите останаа без бензин и дизел или едноставно се затворија, пренесува Ројтерс.

Advertisements

„Стотици војници би можеле да бидат ангажирани да снабдуваат бензински пумпи со гориво низ цела држава“, изјави премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, пренесе „Гардијан“.

Премиерот утре ќе ги собере министрите за да разговараат за „Операцијата Ескалин“. Во обид да се избегне понатамошно продлабочување на кризата.

Во своето соопштение нафтените компании соопштија дека немаат доволно возачи, што создава проблеми во транспортот од рафинериите до пумпните станици.

Прикажи повеќе