Откриени се тројца новинари на „Раи Спорт“ кои се позитивни и кои ги следеле италијанските новинари на Еуро 2020, тие биле и во нивниот камп.

Двајца од нив веќе отпатувале за Лондон, додека третиот ја придружувал репрезентацијата до нејзиниот камп во Италија.

Италијанската фудбалска федерација набрзина ги затвори вратите на кампот и прес-конференцијата, закажана да се одржи во живо, ќе се одржи онлајн.

Гардијан пишува дека играчите не се загрижени затоа што сите се вакцинирани, но целата репрезентација е итно испратена на тестирање за да открие дали инфекцијата се проширила во тимот.

Италијанската репрезентација треба да отпатува за Англија утре во 11 часот, додека телевизијата „Раи Спорт“ е во неволја, затоа што треба да ги замени коментаторот и неговиот помошник кои добиле позитивен тест во Лондон.

Италија ќе се пресмета против Англија во недела од 21 часот на „Вембли“, но кај „аѕурите“ во моментов владее голема паника поради ковид-19.