Како што соопшти МВР, 18 лица од угостителски објект биле приведени заради непочитуање на мерките за заштита од коронавирусот. Според информациите меѓу нив биле новинарите Миленко Неделковски и Александар Митовски (Инфомакс), како и Александар Пандов кој е претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа информација ја потврди и самиот Пандов кој за „360 степени“ изјави дека тие во 21:25 часот заминувале од угостителскиот објект кога биле пресретнати од полицијата. Заминале во полициска станица за да дадат  изјави.

Пандов воедно изјавил дека во кафаната славеле пензионирање на Миленко Неделковски.

Меѓу приведените бил и поранешниот судија Владимир Панчевски.