Македонија иако не освои бод на дебитантскиот настап на Европското првенство, го исполни сонот на секој македонец.
Оваа репрезентација на Македонија, со самиот пласман на ЕП, со интонирањето на химната, со прикажувањето на знамето на едно вакво големо натпреварување, го исполни сонот на секој македонец.
За Пандев ова беше последен натпревар во дресот на Македонија.
Македонија загуби од Холандија со 3:0, но како ќе се одвиваше натпреварот доколку боше досуден фаул пред првиот погодок на Холандија?
Пандев на новинарското прашање за спорната ситуација за фаулот пред првиот погодок на Холандија, Пандев одговори:
„Тој ми ја згазна и ногата и топката, и кажа самиот на судиите. Но знаеме дека ова се фаворитски репрезентации и судиите маку подруго гледаат на нив, но нема за што да тагуваме, ние го дадовме максимумот. Знаеме дека Холандија е една од фаворитите на ова Европско првенство, плус тоа играа на домашен терен. Имавме на 0:0 статива, поништен гол од офсајд. Мислам дека добро се носевме првото полувреме, во второто полувреме едноставно физичкиот дел излезе на виделина, тие играат деведесет минути ист ритам, неверојатна клупа и сигурно дека заслужено победија“, рече Пандев.
Ова беше 122. настап на Пандев за Макдеонија, вкупно постигна 38 голови во дресот на Македонија.