Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев влезе во историјата на италијанската Серие А. Имено, тој на денешниот натпревар Кротоне-Џенова (0:3) во игра влезе во 71-та минута за гостинскиот тим. Ова за него беше 154 натпревар кој го одиграл откако во игра влегол од клупата за резервни фудбалери. Со тоа го израмни рекордот на Серџо Пелисие.

Веќе на следниот меч Пандев може да ја зголеми бројката и да биде играчот со најмногу настапи како резервен фудбалер во историјата на Серие А.