Почнува новата сезона во Серие А, каде Интер ќе се обиде да ја одбрани шампионската титула. Тоа ќе биде тешко со оглед дека ги продаде најдобрите двајца играчи, Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими. Замина и тренерот Антонио Конте.

Симоне Инзаги е нов кормилар, ги доби Џеко, Чалханоглу и Демфрис, па останува да се види дали ќе успее да направи компактен тим. Првиот испит е вечерва со почеток во 18:30 часот кога на домашен терен ја пречекува Џенова на нашиот Горан Пандев. Како што е познато Пандев пред неколку дена го продолжи договорот со Џенова за уште една сезона.

Жрепката сакаше последната сезона како активен фудбалер да ја почне токму против тимот каде ги доживеа најголемите успеси, Интер, со кој во 2010та освои триплета.

Во истиот термин од 18:30 играат Верона и Сасуоло, а од 20:45 се среќаваат Емполи-Лацио и Торино-Аталанта.