Македонскаа фудбалска репрезентација синоќа беше поразена 3:2 на првиот квалификациски натпревар за СП 2022 Катар, на госрувањето кај Романија
Сепак покрај поразот, ФФМ одлучи да им даде премија од 40.000 евра.
Капитенот на репрезентацијата изјави дека не сакаат премија за поразот.
„Не сакаме премија за пораз, мислиме дека тоа би било незаслужено. Сите фудбалери се договоривме да не ја земеме премијата. Ја оставаме да си ја поделат членовите на УО“, изјави Горан Пандев за МАКФУДБАЛ.
Следниот натпревар нашата репрезентација го игра дома, во недела против Лихтенштајн.