Фудбалерот од Струмица кој секој би го посакал е највозрасниот напаѓач регистриран на Европското првенство во фудбал (ЕУРО 2020), покажува статистиката на УЕФА. Само тројца (Стекеленбург, Дејвид, Пепе) се постари на официјалните списоци на учесниците.
Горан Пандев вечерва по 115 пат ќе истрча не теренот и ќе игра за македонската фудбалска репрезентацијата. Во своите досегашни 36 наптревари одиграни за Македонија, има постигнато 36 голови.
Тој е роден 1983 година, а негов клуб е Џенова (Италија). Цената според „трансфермаркет“ изнесува: 500.000 евра.
Пласманот на ЕП 2020 е круна на репрезентативната кариера на Пандев досега.
Горан Пандев патот во фудбалската репрезентација на Македонија го почна во 2001 година, кога како тинејџер (17 години и десет месеци) влезе од клупата во финишот и се најде на терен во Бурса, во квалификацискиот натпревар за СП 2022 против Турција (3:3) кога тренер беше Ѓоре Јовановски. Првиот гол, пак, го постигна против Малта во пријателски натпревар во 2002 година (5:0) под водство на Никола Илиевски – Џиџи. А, останатото е историја.