Со двата голови вечерва против Наполи, Горан Пандев стигна до бројката 97 погодоци во Серие А. Овие голови тој ги постигнал во дресовите на Интер, Лацио, Наполи и Џенова. Му остануваат уште само три погодоци да стигне до бројката од 100, а со оглед на тоа дека до крајот на сезоната има уште 17 кола, да се надеваме дека ќе ги тресе мрежите и дека ќе ја надмине оваа бројка бидејќи по сите најави се чини дека ова е неговата последна сезона како активен играч.

Она што исто така е интересно е тоа дека тој стана најдобар стрелец во конкуренција на фудбалери од државите од поранешна Југославија кои играле во Серие А. До вечерва тоа беше Црногорецот Мирко Вучиниќ со 96 голови, па Јосип Иличиќ од Словенија со 91 погодок, Един Џеко од БиХ има 83, а петорката ја заокружува Дејан Станковиќ од Србија со 51 погодок.

loading…