Капитенот на македонската фудбалска репрезентација се огласи на социјалните мрежи по синоќешната историска победа против Германија од 2:1 во Дуизбург. Ова беше прв пораз на Германија во квалификации за пласман на СП по 20 години. Последен пат загубиле од Англија во 2001 година со 5:1. Сега, таа низа од непобедливост ја прекина Македонија.
-Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. храбрите ги прати среќата. со борба, верба и срце на терен оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект, напиша Пандев.