Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски по две недели поминати во затворот во Шутка, денеска излегува на слобода.
Судењето за него ќе почне од почеток во Апелациониот суд. Причината е грешка во постапката која ја нашол Врховниот суд, со што времено ја укинува првичната пресуда, додека Апелација не донесе нова пресуда.
Велешкиот суд во август 2020. година го осуди на 3-ипол годишна затворска казна за злоупотреба на АКМИС системот, за распределба на судски предмети.
Во септември 2021 година, Апелациониот суд во Скопје ја намали затворската казна на Панчевски на 2-ипол години.