Поранешниот прв човек на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, наскоро треба почне со отслужување на затворската казна од 2,5 години, што ја доби поради злоупотреби со Акмис системот.
Панчевски треба да добие упатен акт кој според процедурата треба да стигне од Скопскиот суд кој пак претходно треба да ја добие пресудата од велешкиот каде течеше судењето.
Поранешниот претседател на Кривичниот суд првично беше осуден за злоупотреба на службената положба и Акмис системот на 3,5 години затвор, бидејќи како претседател на судот од 2013 до 2016 местел предмети кај одредени судии. Апелација му ја намали затворската казна за една година.