Коментирајќи го претстојниот меч помеѓу Црвена Звезда и Милан за Спорт Клуб, легендарниот Дарко Панчев изјави дека посакува тимот од Белград да победи. Се разбира ова е од две причини, првата бидејќи токму во овој клуб Панчев се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа во деведесетите години кога и освои Златна копачка, а втората е дека во својата кариера играл за Интер.

Но, коментирајќи го Златан Ибрахимовиќ, Панчев со интересен коментар:

-Златан е голем играч, интересна личност, вистински Балканец. По тоа ние, луѓето од Балканот се разликуваме од останатите, особено оние од Западот. Тие се како восочни фигури. Немаат хумор, не знаат да се шегуваат. Златан тоа го има во себе, бидејќи потекнува од овие простори.

loading…