Бугарскиот професор, Антон Панчев, вели дека Северна Македонија не може да влезе во Европската унија се додека ги крши европските принципи, како што се добрососедските односи, борбата против лажните вести и осудата на комунизмот.
„Не можат да влезат во ЕУ со апсурдна идеологија, која се базира на омразата и крадење на историјата“, изјавил професорот Панчев, во интервју за магазинот Шења од Скопје.
Тој тврди дека Северна Македонија е последна земја во Европа која гаји рацистичка пропаганда.
„Идеологијата на македонизмот се гради врз стереотипите и расната омраза против етничките Бугари. Ова лесно може да се види во учебниците и во јавните настапи на некои политичари, новинари и академици од Северна Македонија“, смета Панчев.
Според него, македонската пропаганда се обидуваат да ги скара Бугарите и Македонците врз расна основа тврдејќи дека татаро-моголците се инфериорна раса во однос на белците.
Во врска со разликите околу историјата, Панчев вели дека Бугарија никогаш нема да дозволи да се присвојува нејзината историја и историските личности.
„Ќе го штитиме нашиот идентитет од Свети Климент Охридски, Царството на Самоил, Охридската архиепископија, Екзрахијата и преродбениците на ВМРО до последниот бугарин од овие простори“, убедува тој.
За него, решението е лесно ако двете страни се приддржуваат на историските факти, а не да се нудат екзотични теории за идентитетот.