Панамските власти одобрија итна употреба на вакцината на Фајзер и БионТек и првите количини во оваа четиримилионска централноамериканска земја треба да стигнат во првиот квартал од следната година, соопшти денеска панамскиот заменик министер за здравство Ивет Барио.

Истата вакцина вчера помина атест и во соседна Костарика, која на тој начин се приклучи на неколку земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, кои одобрија употреба на вакцината против Ковид-19 на Фајзер и БионТек.