Обвинетиот Влатко Кешишев за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, денес одговараше и на прашањата на првообвинетот Љупчо Палевски, кој беше свртен со грб, откако на минатото рочиште рече дека се плаши од него.
Палевски го праша дали некогаш му се заканувал или лошо се однесувал кон него или дали евентуално му се заканувал на обвинетиот Велибор Манев. Кешишев негираше.
Понатаму Палевски продолжи: Кажавте дека сте биле домаќин во штабот, Може ли било кој да изнесува било што од штабот без јас да дадам дозвола?
„Не, прво требаше да се праша Палчо пред да се изнесе. Зад негов грб ништо не се работело, без да знае тој“, одговори Кешишев.
Го запраша и оти во 3 искази на ОЈО не споменал збор ранец, син ранец,кога и зошто сега се сетил да кажува сознанија на таа околност.
„Се сетив бидејќи сите видовме на видеоснимка и не можев да го побијам тоа. Се гледаше дека го земам и го носам ранецот во гаражата“ рече Кешишев.
„Каде во штабот сте виделе плав ранец?“ пааша Палевски.
„Не се сеќавам“, рече Кешишев.
Палевски го праша и: Во штабот освен мојот пиштол кој ми беше одземен во ваше присуство 6 месеци пред настаните, сте виделе друго оружје?
„Не знам, не сум видел, не знам каде стоел ранецот, но главно Палчо го носеше“, одговори Кешишев.
Кешишев на денешното рочиште рече и дека за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, не чул Палевски некогаш да разговара или да се договара со него.
На прашањето кога првпат дознал за таткото на детето, тој одговори: Па мислам кога го доведоа во Беко слушнав дека разговараат со родителот на детето.
Прашан од адвокатот дали знаел дека има фотографија од конкретната личност што требало да биде грабната во Скопје, тој негираше. Вели првпат ја видел сликата кога се вратиле од настанот во штабот кога почнал да отвора Фејсбук и ја видел сликата од детето. Дотогаш немал видено никаква слика.
Текстот Палевски свртен со грб му постави 97 прашања на Кешишев: „Ништо од штабот не беше изнесено без знаење на Палчо“ е превземен од МАКФАКС.