Палестинските власти денеска побараа да се свика вонреден состанок на Арапската лига на ниво на министри за надворешни работи поради судирот помеѓу Израел и Хамас.

Палестинскиот амбасадор Арапска лига, Муханад ал Аклук истакна дека барањето за вонреден состанок е поради „бруталната и тековна израелска агресија врз палестинскиот народ“.

Арапската лига е регионална организација на арапските земји од Блискиот Исток и северна Африка. Организацијата е формирана во 1945 година и денес има брои 22 членки. Главна цел е да се координира нивната соработка, да се обезбеди независноста и суверенитетот, и генерално да се координираат работите и интересите на арапските земји.