„Се случи како што се случи со оваа наша опозиција, која што тешко се обединува и лесно се разведува, но, сепак, народот, кој сака промена и кој е во голем број, бара акција, за да го отстрани своето разочарување.“ – вели Насер Пајазити, одговорниот уредник во информативната агенција на албански јазик ИНА во својата колумна со наслов „Последната шанса на албанската опозиција во Македонија“, објавена на порталот на оваа агенција и на некои други медиуми на албански јазик.
Пајазити пишува: „Опозицијата ја има последната шанса да излезе на улица, затоа што правењето опозиција со застарени финеси и со удобност во канцелариите и кафулињата не и дава моќ, туку само ја намалува и ја внесува во зимски сон.“
„Народот е мудар. Тој сака да почувствува и да добие смелост, верба и волја за промена. Опозицијата мора да му го даде ова.“
„Сменете ги пристапот, патот, тимовите! Не малтретирајте го народот! Направивте грешки, признајте, поправете се!“