Охриѓанецот Илија Џепароски паднал во отворена шахта, добил тешка повреда, поднел тужба против ЈП Нискоградба, но место отштета, Охридскиот суд пресудил дека тој бил виновен што не видел каде се движи. Џепароски сега треба да плати 200 илјади денари, пренесува порталот СДК.мк

Осудениот вели „ова е голема неправда“ и додава дека случајот го изгубил и во Апелација, па наплатата е дадена на извршител.

„Пред една година, на улицата Јане Сандански при разминување со луѓе паднав во отворена шахта и добив повреди. Шест месеци поминав по болници со лонгети и случајот го дадов на суд. Од ЈП Нискоградба се обидоа да се договориме, но јас не прифатив. За жал, во овој суд сè уште има судии кои не ни дозволуваат да ја истераме правдата. Јас ги тужам за паѓање во отворената шахта, а спорот го губам“, рече Џепароски на  прес-конференција во Охрид.

Целата вест на СДК.мк