Откако директороот на Клиничката болница во Тетово Флорин Бесими поднесе оставка од морални причини поради пожарот, предмалку на социјалните мрежи се огласи и економскиот директор на болницата Артан Етеми. Како што соопшти, и тој поднесува оставка.
-Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин.
Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца.
Ја споделувам болката со роднините на жртвите, порача Етеми.