Екипата на ВБА и официјално ја прекина соработката со Славен Билиќ кого не го спаси ниту ремито со големиот фаворит за титулата, Манчестер сити.

По 18 месеци поминати на клупата, со изборен пласман во Премиер лигата, но и со лоши резултати оваа сезона, Билиќ денеска доби отказ.

„Вест Бромвич Албион денеска ја прекина соработката со Славен Билиќ како и со помошниците Деан Рачуница и Данило Бутуровиќ како и Јулијан Дикс. ВБА само да им се заблагодари на Славен и на неговиот тим за вложениот напор и промоцијата во Премиер лигата минатата сезона. Им посакуваме се најдобро во иднина“, стои во соопштението на ВБА.

Како можни наследници на Билиќ се споменуваат четири имиња, Сем Алардајс, Најџел Пирсон, Марк Хјуз и Еди Хау.