Во Владата утре попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврдија од владата и од двете партии.

Средбата треба се одржи во 16 часот за кога е закажана.

Премиерот и лидерот на опозицијата ќе бидат придружувани од своите економски тимови. Главна тема е енергетската криза.