Руската национална валута, рубља, во последните денови падна за една петтина во однос на доларот и другите валути. Луѓето во Русија ги преплавија банките и трговските центри за да ги повлечат и да ги разменат своите заштеди во долари. Во трговскиот центар Метрополис во Москва, Русите брзаа да ги претворат своите пари во стока за широка потрошувачка пред да пораснат цените. Централната банка на Русија ги удвои каматните стапки за повеќе од 20 отсто и одби да ја отвори Московската берза до 5 март.

„Овие последици се всушност многу сериозни. Живеев во 21 век, со банкарска картичка, со сите банкарски апликации на мојот телефон. Не користев готовина можеби пет години. Јас сум против ова“, вели еден руски државјанин.

Со замрзнати резерви, Централната банка би ги принудила големите извознички компании, вклучително и големите производители на енергија како Гаспром и Роснефт, да продадат 80% од своите девизни приходи, ефикасно да купуваат рубљи за да го поддржат девизниот курс на валутата.

Расположението меѓу бизнис заедницата е уште помрачно, пренесува „The Guardian“. Некои сопственици на средни компании изјавија дека санкциите кон Русија преку ноќ ги направиле нивните бизниси непрофитабилни.

Неколку дена по нападите во Украина, Западот постигна единство и одлучи да ги исклучи руските банки од системот за прекугранични трансакции SWIFT. Овој платен систем повеќе не може да го користи Руската централна банка, како и најголемите руски доверители. Оваа мерка практично го блокираше рускиот увоз и извоз, особено на гас и нафта. Француски експерти прогнозираа дека западните санкции против Москва, по инвазијата на Украина, ќе ја уништат руската економија.

Руските тимови се суспендирани од сите натпреварувања во меѓународниот фудбал, вклучувајќи ги и квалификациските натпревари за Светското првенство во 2022. Ова дојде откако Меѓународниот олимписки комитет ги повика спортските организации да ги исклучат руските спортисти и официјални лица од меѓународните настани. Ваква одлука донесе и Меѓународната федерација за хокеј на мраз и Националната хокеарска лига, што не е видено во светот на спортот досега.

Фатлуме Дервиши