Не сите пациенти кои се алергични на пеницилин се оставени невакцинирани со анти-ковид вакцина. Според лекарите кои учествуваат во процесот на имунизација, изоставени од вакцината Спутник се само оние кои имале силни алергиски реакции од пеницилин опасни по живот.. Оваа пациентка чека во ред, и нема сомневања дека треба да се вакцинирана.
„Го прашував лекарот, и тој ми рече дека вакцината нема да има никакви несакани ефекти врз мене. “
Еден од дежурните општи лекари на главниот пункт за вакцинација во Арената А1 рече дека досега имало 15 пациенти алергични на пеницилин, но ниту еден немал несакани ефекти. Тој вели дека за оние за кои е одложена вакцинацијата, се закажува термин за вакцини од „Фајзер“ кои треба да пристигнат.
„Во зависност од тоа како ја поминале таа алергиска реакција, од тоа зависи дали ќе ја примаат или не вакцината што им е потребна. Ако имале само црвенило на телото или црвенило на очите, т.е. лесни алергиски реакции, тогаш тоа не е контра индикација за да се прима вакцината. Оние кои имале лесни симптоми за време на алергијата, без проблеми ја примаат оваа вакцина и никој досега кој бил алергичен на пеницилин немал несакани ефекти “.
Според упатствата за вакцините Спутник V и Астра и Зенека, не се препорачува да се инјектираат нбремени жени и доилки со доенчиња до 1 година.
Од Црвениот крст велат дека тие се тука за техничка поддршка на медицинскиот персонал, покрај одржување на редот, помагање во процесот на имунизација дури и во случаи кога некому му е потребна итна помош.
Директно до одговорниот лекар каде имаме одличен персонал, но фала на Бога досега не сме имале. Ако имаме таков случај, имаме два пункта за прва помош, едниот тука на крајот, а другиот таму на почетокот, но сè уште не сме го користеле и се надеваме дека нема да треба да ги ставаме во функција “.
Здравствените власти најавија дека до крајот на овој месец се очекува да пристигнат уште 30.000 вакцини.