Имаме паметни луѓе, треба да ги задржиме, а не да ни бегаат. Ништо не функционира во државата, вели Марјан Ристески, од Конфедерацијата на независни синдикати.
Денеска пколу 150 вработени од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември” во 13 часот протестираа пред Болницата, револтирани оти десет дена им доцни платата за јануари, поради хакерскиот напад на системот на Фондот за здравствено осигурување( ФЗОМ).
Сега се прави закон за работни односи, овие луѓе немаат земено К-15 скоро 20 години. Затоа бараме тоа да се вметне во законот за работни односи. Па што ако не работи системот, хакерски напади има секаде! Треба да се насочат да ги спречат овие напади, во држвата има паметни луѓе. Или па да ги пуштиме сите што значат нешто, нека се иселат, нека останат овде неспособни луѓе. И што ни останува нам? Да се молиме на Господ! Во државата ништо не функционира, вели Ристески.
Рената Ѓаконовиќ од Независниот синдикат, кој е член на Конфедерацијата на слободни синдикати рече дека денеска излегуваат на мирен протест во време на нивната пауза и покрај известувањето од Управата на Болницата дека не се официјален репрезентативен синдикат.
Затоа има одлив, затоа заминуваат медицински сестри и доктори во странство. Ќе остане минимален број којшто ќе работат со овие пациенти, а тоа е жално за Македонија, да изгуби квалитетен здравствен персонал, рече Ѓаконовиќ.
Ристески од Конфедерацијата кажа дека денеска протестираа и дел од вработените во Геријатрија, како и во болниците во Охрид, Тетово, Неготино и други градови, и дека ако нема плата денес, се разговара за порадикални чекори како штрајк и бојкот.
Владата се занимава со сама себе, со министри нови, а сите знаеме овие луѓе какви напори дадоа во ковид кризата. И да има плата денес, тоа не е конечно решение и затоа бараме со месеци средба со премиерот, рече Ристески.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.