12 клубови веќе испратија соопштение со кое се согласија да бидат дел од новата Европска Супер лига. УЕФА виде закана во ова за Лигата на шампионите и се закани со суспензии и исфрлување на тимовите од ЛШ, националните првенства, но и националните тимови.
Но, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта со неговата изјава само додаде масло на огнот. Тој не само што дава подршка на Суперлигата, туку вели дека тој лично е за поинакво натпреварување, односно Светско клупско супер првенство. Лапорта како да сака цеслосно да ги сруши УЕФА и ФИФА.
Суперлигата е секако само за европските тимови, а Лапорта ја промовира идејата во таа лига да учествуваат најсилните клубови во светот.
❗ El FC Barcelona, Club fundador de la nueva Superliga
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) April 19, 2021