По пет одиграни кола во новата сезона од Премиер лигата, Челзи е лидер на табелата со 13 бодови, а исто толку има и Ливерпул на втората позиција. Освен тоа што овие две екипи имаат ист број бодови, неверојатно е тоа што имаат и иста гол разлика, 12 постигнати и по еден примен гол. Двете екипи имаат по четири победи и едно реми, она меѓусебното во третото коло од Премиер лигата и токму на тој меч двете екипи го примиле единствениот гол. Но, она што е интересно, дури делува и неверојатно е тоа што во сите пет кола од новата сезона, во едно исто коло Челзи и Ливерпул забележувале идентични победи, со ист резултат, иако имале различен противник. Ова навистина е реткос, а како да двајцата тренери Тухел и Клоп се договараат за резултатите.
1.коло
Норич- Ливерпул 3:0
Челзи – Кристал Палас 3:0
2.коло
Ливерпул – Барнли 2:0
Арсенал – Челзи 0:2
3.коло
Ливерпул – Челзи 1:1
4.коло
Лидс – Ливерпул 0:3
Челзи – Астон Вила 3:0
5.коло
Ливерпул – Кристал Палас 3:0
Тотенхем – Челзи 0:3