Трет ден по ред на берзата падна вредноста на американскиот долар во однос на кошницата со валути и стигна до најниското ниво во последните две и пол години.

Индексот на доларот, што ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, се симна на 89,77 поени, додека вчера во ова време беше 90,11 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонскиот јен падна од вчерашните 103,60 на 103,35 јени.

Американската валута ослабе и во однос на еврото кое достигна 1,2295 американски долари, што е највисоко ниво од април 2018 година.