Новиот сој омикрон се шири побрзо од делта-соевите и предизвикува инфекции кај луѓе кои веќе се вакцинирани или оздравеле од Ковид-19, предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејезус.
Сега има докази дека омикрон-сојот се шири многу побрзо од делта-сојот, рече тој на прес-конференција во новото седиште на СЗО во Женева.
Првиот човек на СЗО нагласи дека овој нов сој на коронавирус може да ги зарази и оние кои биле вакцинирани и оние кои имале инфекција со коронавирус.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.