КОГА мислиме на Девиците, првите работи што веројатно ни паѓаат на ум се нивниот перфекционизам, опседнатоста со чистотата и преголемата критика. Овие луѓе се малку неправедно познати како дежурни критичари на Зодијакот кои можат да најдат недостатоци во сè, но критиката е всушност нивниот начин да помогнат некому или да ја подобрат ситуацијата.

Девиците се резервирани и не сакаат да покажуваат емоции. Многумина поради ова ги доживуваат како ладни, но тоа не е точно бидејќи и тие имаат длабоки емоции како другите луѓе, едноставно не знаат како да ги покажат. Не сакаат да зборуваат за своите чувства со другите, а ако нешто им пречи, претпочитаат да го решат со себе.

Иако навидум се ладни и воздржани, овие луѓе е добро да ги имате на ваша страна. Ако сте во неволја, тој ќе биде вашето прво рамо на кое ќе плачете. Девиците се многу сигурни и никогаш нема да ве изневерат. Тие ќе направат сè за да ви помогнат, дури и ако тоа значи дека треба да стават сè друго на чекање. Девиците секогаш сакаат да бидат тука за вас и се достапни секогаш кога ќе им се јавите или кога им треба услуга.

Пред сè, овие луѓе се грижливи, корисни и доверливи, па затоа ќе направат се за да ви помогнат. Девицата можеби не е слаткоречива и не покажува љубов со допири, прегратки и комплименти, но таа ќе биде покрај вас кога е потребно, а тоа е најважно.