Властите во Хонг Конг организираат лотарија за да ги охрабрат жителите на метрополата да се вакцинираат против коронавирусот.
На лотаријата ќе има награди во вкупна вредност од 100.000 американски долари. Тие ќе бидат во форма на при-пејд картички или кредитни картички. Главната награда, сепак, ќе биде стан од 40 квадратни метри во вредност од 10,8 милиони хонгконшки долари (1,14 милиони евра) обезбедени од локални компании за недвижнини.
Жителите на Хонг Конг на возраст од 18 години и повеќе можат да учествуваат на лотарија, вклучително и оние со работна виза кои примиле две дози вакцина против коронавирус. Но, големата награда на лотаријата можат да ја освојат само учесници кои имаат статус на постојани жители на метрополата.
Лидерката на Хонг Конг, Кари Лам, го одби предлогот за обезбедување финансиска помош за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат. Досега помалку од 20 проценти од жителите на Хонг Конг примиле една доза вакцина против коронавирусот, а само 14 проценти – две дози. (МИА)