Добро е да им верувате на луѓето, но не треба слепо да верувате во се што ќе слушнете. Иако е за пофалба да се види најдоброто кај другите, некои луѓе не можат да препознаат кога некој лаже, што може да им нанесе штета. Според астрологијата, ова се најлековерните знаци на Зодијакот и прилично лесно се измамуваат.

Риба

Рибите се најледоверливи од сите знаци. Иако имаат силна интуиција, тие се идеалисти и секогаш го гледаат најдоброто во другите, дури и кога има предупредувачки знаци дека нешто не е во ред. Иако често се каат за својата наивност, никогаш не би ја смениле бидејќи губењето верба во луѓето би значело губење на дел од нивната личност.

Стрелец

Стрелците се непоправливи оптимисти и го гледаат најдоброто во секоја личност што ќе ја сретнат. Отворени се, искрени и без прст во џеб, па веруваат дека и другите се како нив. Без размислување ќе понудат помош, совет, па дури и заем за секого, но луѓето често знаат да го искористат тоа. Тие треба да научат да бидат попребирливи и да внимаваат да не паднат на лагите на неискрените и себични луѓе.

Лав

Лавовите се сигурни во себе и во својата интелигенција, па незамисливо е да станат жртва на измама. Суетата им е слабост, па доволно е да им испратите неколку комплименти за да ја стекнете нивната доверба. После тоа, ќе веруваат во се што ќе им кажат и ќе паднат на секоја лага, дури и ако не е многу паметно дизајнирана. Најмногу треба да внимавате на ветувањата за брза и лесна заработка.

Рак

Раковите се грижливи луѓе со отворено срце, па очекуваат и другите да бидат такви. Тие го гледаат најдоброто во луѓето и веруваат дека секој има добри намери. Сакаат да им помогнат на сите, особено на луѓето кои им доаѓаат со тажна приказна. Тие често се наоѓаат во ситуација кога му пружаат рака на помош на некој кој не го заслужува тоа и кој на крајот ја искористува нивната добронамерност.