На НЕКОИ луѓе им е судено да бидат сингл. Многу од нив не ја изгубиле вербата во љубовта, туку имаат превисоки критериуми, брзо губат интерес или едноставно не сакаат да бидат врзани само за една личност. Во астрологијата се смета дека овие хороскопски знаци најчесто се сингл.

Девица

Познато е дека Девиците се перфекционисти, па токму затоа им е тешко да најдат идеален партнер. Тие сакаат совршена личност, некој кој е привлечен, сигурен и лојален, а во исто време и интелигентен и интересен затоа што сакаат да водат стимулативни разговори со него. Тие се критични и не поднесуваат ни најмала мана, поради што често завршуваат сами.

Водолија

Водолиите се исклучително барани. Имаат богата фантазија и често во главите создаваат непостоечка слика за совршен партнер. Поради ова, тие успеваат да најдат маана кај секој потенцијален кандидат. Тешко им е да ги намалат критериумите, но поради нивните невозможни идеали често се сингл.

Близнаци

Близнаците се привлечни и никогаш не им недостасуваат додворувачи, но и покрај тоа често се сингл. Иако се шармантни и знаат како да привлечат внимание, нивниот проблем е постојаната жед за авантура. Овие луѓе флертуваат со секој што ќе им фати око, без разлика дали се во врска или не. Брзо губат интерес, па тешко им е да задржат постојан партнер.