реклама

Пред нас е март, месец кој годинава ќе биде особено интересен поради два важни астролошки настани. Сатурн ќе ја напушти Водолија и ќе влезе во Риби на 7-ми, а Плутон ќе го напушти Јарецот и ќе влезе во Водолија на 23-ти после 15 години. Овие настани ќе влијаат на сите знаци, па на некои ќе им донесат предизвици, а на други среќа. Дознајте кои знаци март ќе биде поволен.

Бик

реклама

Март ќе ви донесе мир и стабилност. Ќе бидете фокусирани на вашите цели и ќе уживате во плодовите од претходната работа. Вашата упорност и посветеност ќе бидат наградени, давајќи ви чувство на задоволство и самодоверба. По 17-ти ве очекуваат возбудливи моменти со партнерот, а слободните имаат можност да запознаат некој посебен. Бидете отворени за љубов и уживајте во романтиката.

Лав

реклама

Овој месец ќе ви донесе многу позитивни промени и можности за професионален развој. Вашите деловни апетити растат, па ќе се впуштите во нови потфати. Во љубовта очекувајте романтични моменти и длабока врска со партнерот, додека слободните ги очекуваат нови и возбудливи средби. Ќе уживате во забавата, излегувањето, патувањето и многуте авантури кои ги носи март.

Водолија

реклама

Ќе почувствувате чувство на олеснување кога Сатурн ќе го напушти вашиот знак на 7 март. Ќе имате впечаток дека од грбот ви паднал голем камен. Ова е време кога треба да ја искористите вашата креативност и да работите на проекти кои ќе ви донесат успех и финансиска добивка. Можеби ќе се впуштите во нешто ново и возбудливо. На оние кои се врзани им се дава можност да се поврзат со партнерот на подлабоко ниво.

реклама