Со една од овие бои задолжително украсете го својот дом…

Китењето на елката е еден од најубавите ритуали кои ги повторуваме секој декември. Сигурно веќе вашата елка е накитена во различни бои, но доколку некоја од овие бои ви недостасува, слободно додадете ја.

Според верувањето за време на новогодишниот и божиќниот период во вашиот дом треба да се најдат овие бои – црвена, зелена, бела, златна и сина кои се симбол на среќа, успех и благосостојба. Еве што симболизира секоја…

Profimedia

Зелената дава надеж дека пролетта наскоро ќе дојде и дека се повторно ќе се обои во боите на младоста. Таа симболизира и вечен живот.

Црвената боја е симбол на Исусовата крв. Исто така, го симболизира успехот, напредокот и љубовта.

Златната боја е боја на сонцето, на светлото кое е толку посакувано во текот на зимата. Златото е и подарок кој еден од Трите крала му го донел на малечкиот Исус. Така настанало и дарувањето за време на божиќните празници.

Profimedia

Белата е боја на чистота и мир, а сината директно се поврзува со наметката на мајката на Исус, Марија. За време на средниот век, сината боја била многу ценета и ја носеле кралските семејства.