Републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески во денешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ изјави дека Обвинителството будно го следи процесот за изградбата на висококатниците во строгиот центар на Скопје.
Јовески додава дека доколку Обвинителството оцени дека има елементи на кривично дело во било кој дел од тој процес, веднаш ќе биде покрената кривична постапка за било кој субјект.
„Кога ќе процениме дека има кривично дело ќе отвориме постапка“, изјави Јовески без да коментира понатаму за случајот.