Владата потфрли во справувањето со кризата затоа што рано ги одмрзни цените на храната, не ги зголеми платите на јавниот сектор и не се задолжила на почетокот на кризата кога каматните стапки на кредите беа поевтини вели професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања во ексклузивно интервју за порталот zoom.mk.

Професорот Јовановиќ смета дека кризата најмногу не погодил затоа што владата свесно одбивала да преземе вистински чекори уште на почеток на кризата. „ Направија грешка што не ги држеа замрзнати цените доволно долго. Србија уште има замрзнати цени на храна, па нема проблем со недостатоци на храна. Прерано ги одмрзни цените на храната, можеа да ги држат подолго“. Додека цените на храната беа замрзнати, инфлацијата беше меѓу 7 и 8 отсто“, истакнува Јовановиќ. Тој тврди дека владата имаше законска обврска да ги покачи платите на вработените во јавниот сектор затоа што со качување на минималната плата мораа да се покачат сите плати.

„Со одбивање на ги покачат платите не само што осиромашуваат граѓаните има и негативни ефекти врз макро економската активност. Ако не ги покачете платите, го навалувате БДП. Ако покачете пати, луѓето ќе трошат повеќе, така се зголемува БДП“, објаснува Јовановиќ.

Тој оценува дека третата грешка на владата при справување со кризата било одбивањето да се задолжи на почетокот на кризата кога можеше да се земат кредити со пониски камати.

„Јас не сум поборник на задолжување, на во вакви ситуација морате, имате голема криза а немате динар на сметката. Економијата е многу едноставна работа, како домаќинство. Ако имате тешка зима, ќе имате залиха за тешки денови“, тврди професорот.

Според него, даночна реформа е добра и неопходна, но недоволна. Добро е да се тргнат ограничување на придонесите за најбогатите луѓе, но не сакаат да воведат прогресивен данок, а тоа го прават сите земји.
„Не можам да го разберам тоа што како социјалдемократи не сакат да воведат прогресивен данок иако го ветуваа тоа кога дојдоа на власт, а од друга страна сакаат да оданочуваат хонорарци. Тоа сакаше да го направи и претходната, а ние тогаш протестираме. Го прави истото што го правеше претходната власт“, додава Јовановиќ.

Зборувајќи за ефектот на реализација на капиталните инвестиции во кризна состојба посочува дека владата не смее да штеди затоа што тоа ќе ја продлабочи кризата.

Во врска со справувањето на енергетската криза Јовановиќ смета дека владата поробуваат нешто да направи, но тешко иде затоа што рацете им се врзани, оти ја плаќаме цената од погрешните политики од изминатите 30 години што не е инвестирано во енергетскиот сектор.

„Имаме бизнисмени и трговци кои живеат од увоз на струја, и остваруваат високи профити од тоа, и затоа не се инвестира во домашно производство“, додава професорот.

Во интервјуто Јовановиќ збори и за начинот како земјите од ЕУ се справуваат со кризата предизвикана од руската агресија врз Украина и причините за поделбите во партиите од власта и опозицијата./Zoom.mk