Поделбите во политичките партии од власта и опозиција не се нов феномен во политичката сцена во Македонија затоа што такви примери имало и во минатото сакајќи да добијат политички поени во јавноста, тврди професорот Бранимир Јовановиќ во интервју за порталот zoom.mk.

Јовановиќ смета дека кавгата меѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е од лукративни причини, чија фирма ќе ги земе парите од тендерот за пречистителната станица, а најавата на Максим Димитриевски потсетува на старата болка на СДСМ на фракционерство, кога во врвот ќе се скараат, не можат да се помират.

Тој тврди дека нов момент се поделбите во ДУИ, која во последните 20 години беше монолитна партија.
Според него, предвремени избори им одговараат на помалите партии, не на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ затоа што СДСМ има намалена поддршка, а ВМРО-ДПМНЕ ќе има проблем да создаде влада што ќе биде против францускиот предлог.

Според него, мали се шансите да има уставни измени, затоа што купување пратеници ќе оди многу потешко, а расположението на граѓаните сега е уште понегативно од 2019 година кога се менуваше името.
Јовановиќ е скептичен за брзата интеграција на Македонија во ЕУ поради лошата стратегија на Унијата и отсуството на политичка волја кај власта да направи реформи.

„Вината е кај политичарите кои дојдоа на власт дека ќе ги менуваат работите, а многу малку направија. Она што ме допира е што не ни пробаа да направат нешто. Доволно е да се види нивната изборна програмата од 2016 година и да се види што све ветуваа и да видите колку од тоа малку реалзираа“, истакнува Јовановиќ.
Тој верува дека земјата може да се развие дури и без зачленување во ЕУ ако власта ги правеше ветените реформи.

„Македонија ќе биде многу поодобро место за живеење, не ви треба ЕУ за тоа, таа може да помогне, проболемот е што нашите не сакат да ги направат тие промени. Јасно е зошто заробената држава е против промените, но не ми јасно политичарите што доаѓаат на власт не пробуваат тоа да го направат тие реформи“, се прашува професорот Јовановиќ./Zoom.mk