Бранимир Јовановиќ во емисијата “Во Центар” објаснувајќи ги односите во Левица го профилира Апасиев како екстремен политичар кој е спремен да оди спротивно од тоа што го зборува, само заради популарност, и затоа тој нема проблем да седи на слика со лидери на албански партии, иако води наратив кој е анти-албански.

“Опортунист кој сака популарност, кој не знае да води држава, не знае што да прави ако дојде на власт и сака само лајкови” – изјави Јовановиќ во коментира за првиот човек на партијата Левица која според него е екстремна десница.

“Структурите од Велес кои правеа лажни вести за Трамп денес истото го прават за Левица” изјави Јовановиќ во емисијата “Во центар”.

Бранимир Јовановиќ е истражувач кој последните години е ангажиран во престижниот Виенски институт за меѓународни економски истражувања