Громогласни аплаузи од холандските и македонските навивачи доби Горан Пандев во 69. минута кога беше заменет на неговиот последен натпревар во дресот со националниот грб.
Соиграчите на „Гранде Пандев“ од македонската репрезентација застанаа во шпалир и му оддадоа почит на својот капитен кој беше нивни предводник до најголемиот успех, пласманот на ЕВРО 2020.
Пандев денес го одиграа 122 натпревар во својата репрезентативна кариера во која постигна 38 голови.