Министерот за здравство Венко Филипче за оваа недела најавува пристигнување на нови дози на вакцини против Ковид 19.
-Оваа недела треба да дојдат 70.000 вакцини, 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција, најверојатно АстраЗенека, бидејќи се уште немаме потврда за типот на вакцините. И тоа што редовно што доаѓа секој понеделник од Фајзер и секако големата количина од Кина, од каде се уште немаме потврда кога ќе стигнат, но најавата беше на почетокот на јуни, изјави министерот Венко Филипче.
Филипче вели дека во земјава се останати помалку од 5 000 вакцини за прва доза. Сите други се за ревакцинација на граѓаните што веќе примија прва доза.