Европската унија оваа недела нема да го менува списокот на земји кои се безбедни за патување врз основа на епидемиолоѓката соостојба. ЕУ ќе дозволи и патувањата од Соединетите држави да продолжат засега, и покрај големиот број на нови случаи на коронавирус во оваа земја.

Advertisements

Листата во моментов вклучува околу 20 земји, вклучувајќи ги САД, Јапонија и Австралија, кои се сметаат за безбедни од здравствена гледна точка.

Минатата недела, претставник на ЕУ рече дека присуството на САД на листата може да се преиспита.

Списокот ќе се преиспита за две недели, а можно е и порано, во случај да се промени ситуацијата со ковид-19, велат претставници на ЕУ.

Северна Македонија, заедно со Србија и Албанија уште од крајот на јуни се на листата на безбедни земји за ковид-19 од кои може слободно да се патува во ЕУ.

Прикажи повеќе