Мала земја во Европа, со 34.000 жители, може да здивне откако вакцинираше над 70% од населението и се подготвува да прогласи крај на пандемијата.

-Станува збор за Сан Марино, а победата над коронавирусот може да се припише на фактот дека земјата не е членка на ЕУ, затоа не мораше да ги следи строгите правила на регулаторните тела на Унијата, за кои вакцини може употреба, пишува „Раша Тудеј“.

Според текстот, властите во Сан Марино решиле да ја набават и руската вакцина „спутник В“ и со тоа вакцинирале добар дел од населението. Сега, нивните експерти направија анализа што укажува на тоа дека сите оние кои примиле Спутник развиле многу малку несакани ефекти и добиле доволна количина антитела.

Истражувањето го опфати периодот од 4 март до 8 април и во него учествуваа околу 2.500 лица, на возраст од 18 до 89 години.

Исто така, е наведено дека вакцината покажала ефикасност од 91,6 проценти во различни возрасни групи, како и ефикасност од 100 проценти во случај на различни видови на коронавирус.

Со тоа Сан Марино го премина прагот од 70% од целосно имунизираното население уште во мај. И бидејќи не е земја членка на ЕУ, властите во Сан Марино не мораа да ги земаат предвид строгите правила на ЕУ според кои Спутник V сè уште не е регистриран и одобрен. Исто така, покрај руската вакцина, Сан Марино ја користеше и вакцината на „Фајзер“.

Со оглед на бројот на целосно вакцинирани, Сан Марино сега ги повлекува рестриктивните епидемиолошки мерки, додава РТ.