Данската Влада денеска најави дека ќе ублажи некои економски ограничувања и ќе дозволи отворање на училиштата од 1 март во некои делови на земјата.

Данска е една од европските земји со најниска стапка на инфекција со коронавирус, а од воведувањето на рестриктивните мерки во декември минатата година за спречување на ширењето на новата варијанта на коронавирусот, земјата бележи пад на бројот на новозаразени.

Во согласност со препораките на експертското тело, Владата соопшти дека продавниците со површина не поголема од 5.000 метри квадратни ќе имаат право да работат, додека рекреативните активности на отворено ќе бидат дозволени за групи до 25 лица. (МИА)