Речиси и да нема друга билка во природата чиј спектар на делување е толку широк, а истовремено претставува лек за најразлични заболувања. Станува збор за кантарионот кој претставува природен антидепресив, а истовремено е одличен мелем за различни кожни заболувања.
Кантарионот може да се најде како масло, чај, тоник или едноставно свежа билка која лесно можете да ја препознаете ако сте на планина бидејќи има карактеристичен жолт цвет со изразен мирис. Цвета од мај до август, а е богата со железо, етерични масла, смола, каротин, холин и витамин Ц.
Најзначајна состојка е хиперицин, која го ублажува воспалението, бидејќи го спречува развивањето на бактерии и вируси. Кантарионот е одличен за лекување на гастритис, чир на желудник и дванаесетпалачно црево, како и против болести на бубрезите, мочниот меур, црниот дроб, слезината, висок крвен притисок и срцеви заболувања. Се употребува и надворешно против изгореници, хемороиди и за зараснување на рани.
Последните научни студии потврдиле дека е добар лек за намалување на депресија, бидејќи содржи хиперфорин. Ова соединение го спречува распаѓањето на серотинот (хормонот на среќата) и ја ублажува депресијата. Во споредба со антидепресивите, кантарионот има подеднакво дејство, а помалку несакани дејства. Кантарионот содржи и мелатонин, кој огранизмот го лачи за време на спиењето, па така ова растение се користи како одличен лек против несоница.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.