Овие припадници на Зодијакот се најсреќни кога живеат во хармонија и се среќни со она што го имаат. Астролозите честопати ги нарекуваат и луѓе со „голема душа“ кои секогаш се спремни да помогнат без да очекуваат нешто за возврат.

Лав

Луѓето родени во овој хороскопски знак не се склони да донесуваат предвремени заклучоци, без оглед во каква ситуација се наоѓаат. Тие се многу внимателни кон другите и не сакаат да повредат никого, ниту со зборови ниту со дела. Многумина за припадниците на овој хороскопски знак ќе кажат дека се верни пријатели на кои можат да се потпрат во секое време. Тие ќе бидат покрај саканите личности и во најтешките моменти, и не само тоа, тие ќе дадат сè од себе за да ја подобрат ситуацијата.

Рак

Луѓето родени во овој хороскопски знак се сметаат за најразумни, најљубезни и најчувствителни луѓе на светот. Тие секогаш ги ставаат саканите луѓе на прво место. Дури и во најтешките моменти, туѓата среќа им е поважна од сопствената. Раковите се секогаш спремни да помогнат, дури и на луѓе кои не ги знаат лично. Тие едноставно не можат да одбијат да помогнат кога некој се наоѓа во неволја.

Девица

Тие се ведри и оптимистични луѓе кои сакаат да помагаат на другите. За нив не постои проблем кој не може да се реши, барем така пристапуваат секогаш кога ќе наидат на некоја потешкотија и даваат сè од себе да направат нешто корисно. Нивниот оптимизам е толку заразен што секогаш се обидуваат да ги решат работите кои многумина ги сметаат за нерешливи. Девиците како да имаат некој „сензор“ во себе кој се активира кога некоја сакана личност се соочува со некаков проблем и ѝ е потребна поддршка и утеха. Тие се искрени и истото го очекуваат од другите. Со нив треба секогаш да разговарате отворено и искрено, без заобиколувања, пренесува „Atma“.